Утрински Весник
Свет

Пабовите во Ирска ќе бидат отворени на 21 септември

Пабовите во Ирска ќе бидат отворени на 21 септември

Ирска планира да ги отвори сите пабови на 21 септември, кога ќе биде укината забраната за сите барови што не служат храна, најави министерот.

На угостителските објекти што служат храна им е дозволено да работат под строги правила од крајот на јуни, откако експертите оценија дека тие се побезбедна средина од пабовите што служат алкохол.

Сопствениците на пабовите, затворени од март, минатата недела одржаа неколку помали протести.

Министерот за високо образование и наука Симон Харис потврди дека кафулињата повторно ќе се отворат, но под строги услови.

„За 21 септември, ние не предлагаме отворање на преполни пабови, кафулиња и локали во кои има метеж. Зборуваме за тоа да се дозволи послужувањето на одделни маси“, рече Харис.

Ирска ги укина рестриктивните мерки побавно од другите европски земји и е единствената земја во Европа што не ги отвори кафулињата.

Ирската влада веќе двапати одреди датум за нивно отворање, но го одложуваше поради зголемените инфекции со коронавирус.

Податоците во понеделникот покажаа дека бројот на случаи на инфекција во Ирска продолжува да расте и е на повисоко ниво отколку кога владата ги заостри ограничувањата минатиот месец.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерот за финансии на САД: Имаме „куп“ пари за војна со Иран

Иран: Ако САД ни ги нападнат електраните, целиот регион ќе биде без струја и вода

Куба се подготвува за можна инвазија од страна на САД