Утрински Весник
Свет

Напад врз соработници на Навални – На многумина им се слошило откако била фрлена непозната материја

Напад врз соработници на Навални – На многумина им се слошило откако била фрлена непозната материја

Снимки од надзорни камери покажуваат напад врз најмалку тројца доброволци поврзани со опозицискиот тим на Алексеј Навални во Новосибирск.

Маскиран напаѓач влегол во канцеларијата и фрлил непозната материја меѓу вработените. На повеќето од доброволците им се слошило, а тројца биле пренесени во болница поради тешкотии со дишењето, пренесува Си-ен-ен.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се разбуди вчера од индуцирана кома и реагираше на дразби. Берлинската болница каде што беше пренесен на лекување додава дека е рано да се процени долгорочниот ефект на труењето.

На 44-годишниот Навални му се слоши на домашен лет во Русија минатиот месец. Германската влада смета дека Навални бил несомнено отруен во Русија, на аеродромот, непосредно пред летот, со отров од типот новичок, супстанца која своевремено била изработена за воени цели.

Москва ги негира ваквите обвинувања. Главниот токсиколог на сибирската болница, каде најпрво се лекуваше Навални, Александар Сабаев, рече дека прво само се посомневале во труење.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење