Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Можно е да сум предолго на власт

„Соседите на Белорусија се обидуваат да ја вклучат целата ЕУ во платформата против Лукашенко“

Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека можеби предолго останал на власт како претседател, но рече дека тој е единствената личност што сега може да ја заштити земјата.

Да, можеби сум предолго на власт, изјавил Лукашенко во интервју за руската телевизија „Русија 1“

Лукашенко управува со Белорусија од 1994 година и прогласи победа на претседателските избори на 9 август, за кои неговите противници тврдат дека имало нерегуларности. По победата на изборите, во земјата избија масовни протести, на кои демонстрантите бараат негова смена од функцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Можеби ќе преместам војници од Германија во Полска

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден

Асоцијацијата на германски аеродроми предупредува за недостиг од гориво за авиони