Утрински Весник
Македонија

Средношколка и средношколец фатени со кокаин и марихуана во Скопје

Маж пронајден починат со повреда на главата

Во одделни акции, полицијата приведе девојка на 16-годишна возраст и 17-годишно момче кај кои при преглед биле пронајдени дроги.

Како што информираат од полицијата, 16-годишната скопјанка била приведена и со неа бил извршен разговор во присуство на родител. Затекната била со прашкаста материја доцна синоќа на улицата „Пелинце“ во Скопје,

Истата ноќ, на улицата „Венјамин Манчуковски“ во Скопје, полициски службеници привеле 17-годишник од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана.

И со него бил извршен разговор, во присуство на родител.

По целосно документирање на случаите, против двајцата малолетници ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

„Безбеден град“ детектирал 120.000 прекршоци за пет месеци

СДММ: Нема да молчиме, младите победуваат!