Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температура до 35 степени

Сончево време со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните планински подрачја со услови за краткотраен локален дожд, информира УХМР.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе бидат без позначителни промени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кривична пријава за мачење животни, пукал кон група кучиња скитници и усмртил едно

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот”

Десет пожари на отворен простор, активни се шест