Утрински Весник
Свет

Лавров: Односите со Турција нема да влијаат на руско-кипарскиот дијалог

Лавров: Односите со Турција нема да влијаат на руско-кипарскиот дијалог

Развојот на руско-турската соработка во никој случај нема да влијае на дијалогот меѓу Москва и Никозија, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во интервју за кипарскиот весник „Филелефтерос“.

„Би сакал да ги уверам нашите кипарски пријатели дека продлабочувањето на руско-турската соработка и потребата за интеракција со Анкара за регионални прашања во никој случај не влијаат и нема да влијаат на нашиот дијалог со Никозија“, нагласи тој.

Според Лавров, Москва е загрижена за редовните кризи во источниот Медитеран.

„Сметаме дека се неприфатливи какви било дејства што дополнително го зголемуваат потенцијалот за конфликт. Ние постојано ги повикувавме раководствата на земјите од регионот да покажат политичка предвидливост, да ги решаваат споровите исклучиво со мирни средства и во законска рамка. Подобро е да се решат противречностите на преговарачка маса отколку да се влошуваат со јавни реторички дуели“, нагласи тој.

Лавров, во исто време, е сигурен дека и Никозија и Анкара имаат политичка волја да спречат понатамошна дестабилизација на ситуацијата во регионот.

„Постои универзална платформа за ефикасно решавање на контроверзни прашања – Обединетите Нации. Ние сме подготвени да помогнеме во градењето на добрососедство меѓу Република Кипар и Република Турција, но, се разбира, само ако и двете страни го побараат тоа“, истакна тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган