Утрински Весник
Економија

Битиќи: Владата е отворена за сите конструктивни предлози од бизнис секторот

Битиќи: Владата е отворена за сите конструктивни предлози од бизнис секторот

Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис секторот, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, кој се сретна со делегацијата на Сојузот на стопански комори, која ја предводеше претседателката Данела Арсовска.

Вицепремиерот Битиќи, на средбата со претставниците на ССК, посочи дека Владата ќе биде отворена за сите конструктивни предлози кои произлегуваат од бизнис секторот, а во насока на креирање на политики, проекти и мерки за создавање на нова развојна и одржлива економија на нашата земја.

Тој потенцираше дека во фокусот на Владата, во овој момент, е креирање на сеопфатен и квалитетен четврт сет на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството, кој најдобро ќе ги рефлектира потребите на најпогодените групи, за надминување на предизвиците од социо-економската криза предизвикана од Ковид-19. Поддршката на микро, малите и средни компании, кои се најважниот дел на нашата економија, ќе биде значителна, а особен фокус е ставен токму на оние сектори кои се најпогодени од кризата.

Вицепремиерот Битиќи дополни и дека активно се работи на мерки со кои, по завршување на кризата, економијата ќе расте со забрзано темпо, а за таа цел ќе се поддржуваат старт ап компаниите и ќе се креираат мерки за поддршка за технолошки развој и воведување на иновации на сите компании, за да се подигне конкурентноста на фирмите на домашниот и меѓународните пазари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Стандард и Пурс”: Инфлацијата забавува, девизните резерви и натаму растат, а банкарскиот систем е стабилен

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

„Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација, земјата оценета со кредитен рејтинг ББ- 24info.mk