Утрински Весник
Магазин

Добар почеток за „Тенет“ на киноблагајните во САД

Добар почеток за „Тенет“ на киноблагајните во САД

Имајќи предвид дека приближно 70% од киносалите во Северна Америка ги отворија вратите по шестмесечна пауза, „Ворнер Брос“ може да се пофали со прилично неверојатни резултати на киноблагајните со долго-очекуваниот епски трилер „Тенет“.

Најновиот филм на британскиот писател-режисер Кристофер Нолан, по премиерното прикажување викендов, инкасираше 20,2 милиони долари на американскиот бокс-офис, објави „Варајети“.

Трилерот се отвори на неколку меѓународни пазари пред неговото деби во САД, а во светски рамки се приближува до цифра од 150 милиони долари.

Првично, Тенет требаше да се појави во киносалите во јули, но беше одложен за август, и конечно почна да се прикажува изминатиов викенд. Филмот, во кој играат Џон Дејвид Вашингтон и Роберт Патинсон, заработи 20,2 милиони долари од 2.810 киносали.

Факт е дека неколку големи синџири на киносали сè уште се затворени – Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско – што веројатно го чинеше филмот незаработени милиони долари во неговиот прв премиерен викенд.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мекиканец се обидел да прошверцува во Германија повеќе од 90 различни видови влекачи

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница