Утрински Весник
Спорт

Убедлив триумф на Петерс, Јејтс ја задржа жолтата маичка

Убедлив триумф на Петерс, Јејтс ја задржа жолтата маичка

Велосипедистот на АГ2Р ла Мондијал, Нанс Петерс, убедливо победи на осмата етапа на Трур д’Франс. Трката во саботата стигна до Пиринеите.

Францускиот велосипедист етапата долга 141 километар од Каздар до Лујденвиј ја заврши со предност од 47 секунди во однос на Томаш Скујинш. На третото место се пласираше Карлос Верона.

Во генералниот пласман жолтата маичка ја задржа Британецот Адам Јејтс кој има три секунди предност во однос на Примож Роглич.

Утре се вози уште една планинска етапа, од По до Ларенс во должина од 153 километри.

> Убедлив триумф на Петерс, Јејтс ја задржа жолтата маичка <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ибрахимовиќ до Ѓоковиќ по победата во олимпиското финале: Едноставно ти си најдобар

САД и Кина водечки на листата медалисти со по 19 злата

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија го освои ЕП во Б Дивизијата