Утрински Весник
Свет

Во Франција поради коронавирусот затворени 22 училишта

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланкер, денеска соопшти дека 22 училишта во земјата се затворени поради случаи на Ковид-19.

„Во континенталниот дел на Франција, во моментов се затворени 12 од вкупно над 60.000 училишта, што е мала бројка. Со 10 училишта на островот Реунион, има вкупно 22 затворени”, изјави Бланкер за Радио Европа 1.

Откако во вторникот повеќе од 12 милиони ученици се вратија во училиштата, некои родители и синдикати изразија загриженост за плановите за повторно отворање на училниците додека се забрзува ширењето на вирусот.

Министерството за здравство по вторпат во рок од два дена забележа повеќе од 7.000 нови инфекции во последните 24 часа, како и зголемување на болничките случаи.

По карантинот, кој траеше од средината на март до средината на мај, Франција постепено ги отвори сите училишта во последната недела пред летните одмори, бидејќи властите беа загрижени за заостанатиот материјал за децата во училиштата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп го кани претседателот на Колумбија во Белата куќа

Пукање пред црква во САД, две лица се убиени

ЕУ има четири опции за одбрана на Гренланд од САД