Утрински Весник
Магазин

Новата девојка на Бред Пит сè повеќе ја споредуваат со Џоли

Новата девојка на Бред Пит сè повеќе ја споредуваат со Џоли

Најновите фотографии на девојката на Бред Пит, Никол Потуралски, предизвикува споредби со неговата поранешена сопруга Анџелина Џоли.

Пит (56) беше во брак со Џоли (45) од 2014 година, сè додека Џоли не поднесе барање за развод во 2016 година, наведувајќи ги „непомирливи разлики“ како причина.

27-годишната Потуралски е првата јавна романса на Пит по разделбата со Џоли, а фановите веднаш почнаа да коментираат за тоа колку неговата нова љубов е мошне слична на неговата поранешна.

Потуралски се појави на својот Инстаграм во четвртокот, постирајќи неколку стилски фотографии, облечена во сив блејзер на Djerf Avenue.

„Се гледаме подоцна“ им напиша таа на нејзините 195.000 следачи на Инстаграмво четвртокот попладне.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании

Истражување: Засладувачот ксилитол го зголемува ризикот од мозочен, срцев удар и смрт

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност