Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, му соопшти на премиерот на Русија, Михаил Мишустин, кој се наоѓа во Минск, дека е пресретнат разговорот меѓу Варшава и Берлин.
Според Лукашенко, изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел за труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални со новичок е фалсификат, објави „Спутник“.
Тој вети дека на руската страна ќе ѝ го предаде транскриптот од тој „интересен разговор што јасно укажува дека станува збор за фалсификат“.
„Немаше труење на Навални. Група експерти, како што разбрав, ги подготвија фактите, а можеби дури и изјавата што Меркел ја даде. „Тие го сторија тоа со цел да го обесхрабрат Путин да се меша во работите на Белорусија“, рече Лукашенко.
Лукашенко исто така го предупреди рускиот премиер дека Западот и подготвува „пакости“ на Русија пред регионалните избори во земјата.