Утрински Весник
Свет

Турција наскоро ќе дозволи тестирање на руската вакцина

Турција наскоро ќе дозволи тестирање на руската вакцина

Турција наскоро би можела официјално да дозволи тестирање на новата руска вакцина против коронавирусот, објави турскиот министер за здравство Фахретин Коца.

„Добивме одговори на нашите прашања во врска со вакцината што се развива во Русија. Ја проверивме добиената документација и наскоро дозволата ќе биде издадена“, рече Коца, пренесува ТАСС.

Русија на 11 август објави дека е прва во светот што ја регистрирала вакцината против Ковид-19, што беше развиена во Националниот научен истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“.

Клиенти од 20 земји веќе нарачале вкупно една милијарда дози на руската вакцина наречена „Спутник 5“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Тројца мртви во американски напад врз брод за кој имало сомнеж дека шверцува дрога во Пацификот

Нападната воена база во Кувајт, ранети американски војници