Утрински Весник
Свет

Руската вакцина нема да се извезува најмалку една година

Руската вакцина нема да се извезува најмалку една година

Александар Гинтсбург, директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во Русија, рече дека не се планира руската вакцина против коронавирус да им биде достапна на другите земји во следната година.

Тоа нема да се случи сè додека не се вакцинира руското население, пренесува ТАСС.

„Колку што разбрав од разговорите со членовите на Рускиот фонд за директни инвестиции, кој се занимава со ова прашање, извозот на вакцината не е планиран во следните 12 месеци, сè додека не се вакцинира нашата популација“, рече Гинтсбург.

Сепак, тој рече дека во тек се преговори за обезбедување технологија за три до пет земји кои сакаат да ја произведат вакцината.

На 11 август Русија стана првата земја што регистрираше вакцина против коронавирус наречена „Спутник V“, која ја разви институтот „Гамалеја“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран заплени десетици „Старлинк“ антени

Орбан: Бараните 800 милијарди долари од Украина не растат на дрвја

САД повлекуваат персонал од клучните воени бази на Блискиот Исток