Утрински Весник
Македонија

Почна уривањето на довоградбата кај “Мавровка”

Почна уривањето на довоградбата кај “Мавровка”

Само еден ден по владината одлука ЈП ” Македонијапат” почна да ја урива дивоградбата пред ДТЦ “Мавровка”.

Бетонските столбови ги урива еден багер, а просторот окулу е под силно полициско обезбедување. Една сообраќајна лента кај “Мавровка” е зафатена со полициски возила, а новинарските екипи и голем број граѓани го следат уривањето од крстосницата, па сообраќајот е закочен и Бит пазар ечи од кршењето на бетонот, но и од нервозни возачи кои остануваат заглавени на семафорот и по дваесетина минути. Уривањето се одвива без пречки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“