Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да ги урне и дивоградбите на Кале, Матка и во Охрид

ВМРО-ДПМНЕ бара Владата да ги урне и дивоградбите на Кале, Матка и во Охрид

„Кога веќе Владата го откри идентитетот на инвеститорот на дивоградбата во Мавровка која се изгради во нивно време, и се понуди бесплатно да ја сруши, тогаш по истиот принцип бараме Владата бесплатно да ги урне и следниве дивоградби: на дивата платформа на Матка, во близина на Скопското Кале кај касарната Илинден, дивоградбата на Нефи и летната тараса кај охридскиот Чинар, како и
дивоградбите по долж на охридското крајбрежје.Доколку не го направи ова владата покажува дека сето ова е евтин театар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, крими-тендерашката власт на Заев се обидува да направи театар со дивоградбата кај Мавровка.

„Вистината е дека токму оваа иста старо-нова власт дозволи дивоградбата да никне на едно од најфрекфрентните места во Скопје, па со месеци се натегаа чија надлежност е, па бараа преку платени огласи кој е инвеститорот, за сега наводно да поднесуваат кривична пријава и да најавуваат рушење. Сето ова граѓаните ги чинеше и ќе ги чини пари, како преку циркусот со огласи во весници, така и преку рушењето со народни пари.Тешко на таа држава во која Владата мора вакви драмолетки да прави од нешт кое не смеело ниту да се појави“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, смешна е кривичната пријава од страна на Јавното обвинителство откако дозволија да се изгради.

„Па оттука логично се поставува прашањето како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка? Дали ЈО знаело за ова и зошто чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на непослушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот? Што друго да се очекува од влада-дивоградба на која личното богатење, корупцијата и криминалот и се главната одлика“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Студено утро со температури и до минус 11 степени

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија