Француската компанија „Геошавр“ започна со продажба на заштитни маски против коронавирусот направени од влакна од коноп, објави радио „Франс блу.
Компанијата, основана во 2014 година, се наоѓа во градот Лезин во департманот Јона (Бургундија, југоисточно од Париз). Специјализирана е за производството на филц, лен и неткаен текстил на база на растителни влакна како лен, коноп или коприва.
Проектот за заштита од коноп е развиен од експерти на компанијата уште од оваа пролет. Капацитетот на филтрирање на маската е 89 проценти. Внатрешноста на маската е покриена со тенок слој ткаенина за помалку да му пречи на лицето.
Проаѓањето на воздухот низ ткаенината и неговата филтрација се обезбедуваат без употреба на какви било дополнителни средства, објасни директорката на компанијата, Стефани Говен.
Покрај тоа, користената маска не ја загадува животната средина, туку ја наѓубрува, бидејќи е биоразградлива. За време на нејзиното производство не се создава загадувачки отпад – оваа технологија користи само вода под притисок.
Оваа француска компанија веќе произведува 5.000 маски дневно во форма на клун од патка – тоа е добро познатата стандардна маска-респиратор PP2, која не се лепи за устата, за разлика од медицинската.
Повеќе од 1,5 милион маски се веќе произведени и испратени до клиентите во департмано Јона по цена од 0,65 евра. Цените се пониски од цените на конвенционалните медицински маски, кои се продаваат по цена од 0,8 до 1 евро. Исто така, за маските од коноп, цената се намалува во зависност од количината на нарачката.
Компанијата вработува претежно лица со попреченост. Користените суровини се домашни – тие се набавуваат од фарми лоцирани во радиус од 200 км. На конопот не се користат пестициди.