Утрински Весник
Магазин

ТВ-адаптација на кинеска научно-фантастична трилогија за „Нетфликс“

ТВ-адаптација на кинеска научно-фантастична трилогија за „Нетфликс“

Дејвид Бениоф и Ден Вајс, краторите на една од најуспешните ТВ-серии на сите времиња, „Игра на тронови“, ќе ја адаптираат најпродаваната кинеска трилогија на научна фантастика за серија на „Нетфликс“.

Стриминг-платформата во вторникот соопшти дека адаптацијата на англиски јазик ќе ги опфати трите наградени романи на авторот Лиу Циксин, трилогијата „Трителесен проблем“  (The Three-Body Problem, The Dark Forest, Death’s End).

Книгите на Циксин, кого многумина го сметаат за патријарх на кинеската научна фантастика, раскажуваат приказна за првиот контакт на човештвото со туѓа цивилизација – што ќе се случи ако Кина прва воспостави контакт со вонземјани.

Неговиот роман, трилогијата „Трителесен проблем“, во 2015 година ја доби наградата „Хуго“, најпрестижно признание во научната фантастика.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мекиканец се обидел да прошверцува во Германија повеќе од 90 различни видови влекачи

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница