Утрински Весник
Македонија

Одредени категории родители ослободени од надоместок за градинка во општина Аеродром

Одредени категории родители ослободени од надоместок за градинка во општина Аеродром

Општина Аеродром ослободи одредени категории родители од месечен надоместок за престојот на нивните деца во детските градинки.

Оваа одлука е изгласана на денешната седница на Советот на Општина Аеродром, а по предлог на дел од родителите чии деца се згрижени во детските градинки „Срничка“ и „Буба Мара“.

Со одлуката, од плаќање месечен надоместок се ослободуваат следните категории родители:

– Родители на три деца запишани во градинката, се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој за едно дете;
– Самохран родител со примања до една просечна плата или со останати приходи во износ до една просечна плата се ослободува од плаќање месечен надоместок на детето/цата;
– Двајца родители без приходи или самохран родител без приходи (невработени лица) се ослободуваат од плаќање месечен надоместок на детето/цата;
– Двајца родители од кои еден е без приходи (невработено лице), а другиот родител со примања до една просечна плата или со останати приходи во износ до една просечна плата се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој на детето/цата;
– Родители на деца со посебни потреби се ослободуваат од плаќање надоместок за престој на детето/цата.

Oпштинските власти информираат дека ослободувањето се однесува за периодот од 1 септември до 31 декември годинава, а има цел да им се олесни ситуацијата на најранливите категории граѓани во време на коронакризата.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина