Утрински Весник
Свет

Во Србија регистрирана најмала дневна бројка на новозаразени по 2 јуни

Во Србија регистрирана најмала дневна бројка на новозаразени по 2 јуни

Во последните 24 часа во Србија регистрирани се само 41 новозаразено лице, а двајца починале поради компликации поврзани со коронавирусот.

Резултатите произлегуваат од направени 5.829 тестирања.

Според српските медиуми, ова е најмал дневен број на новозаразени уште од 2 јуни.

Според најновите податоци на српското Министерство за здравство, во српските болници има вкупно 47 пациенти на респиратори.

Епидемиолозите со посебно внимание го исчекуваат утрешниот ден, кога ќе започне новата учебна година во Србија, но и враќањето на српските граѓани од странство, каде што бројките се полоши отколку во Србија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија

Иран тврди дека супертанкер удрил во мина во Ормуската Теснина

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп – Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“