Утрински Весник
Македонија

Притвор за кумановец заради дрога​

Мајка му донела на синот пакет со марихуана во затворот во Штип
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 34-годишен кумановец за сторено кривично дело – Неовластено производство и продажба на дрога.

Осомничениот на 27.08.2020 година, во Куманово, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога- марихуана. Тој прeвезувајќи се во возило марка „Фолксваген Шаран“ ја пренесувал дрогата скриена во возилото под предната хауба, до акумулаторот. Дрогата – марихуана спакувана во едно пакување со тежина од 205,37 грама, при извршената контрола од страна на службените лица, на локалниот пат Куманово-с.Арачиново, во с.Умин Дол, е пронајдена и одземена.

Надлежен јавен обвинител поради опасност од бегство на осомничениот, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор. Судот по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како за 24 часа градот стана 7-ми најзагаден во светот?

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана