Утрински Весник
Свет

Тензии на индиско-кинеската граница во Ладак

Тензии на индиско-кинеската граница во Ладак

Индија ја обвини Кина дека за време на викендот наредила прераспоредување на воените единици долж граничната линија во Ладак, планинска област на Хималаите.

Двете земји се во спор околу областа.

„Ноќта на 29-30 август единиците на Народноослободителната армија на Кина го нарушија претходно постигнатиот договор постигнат во воените и дипломатските преговори. Беа извршени провокативни распоредувања на кинески трупи, со што се наруши досегашниот статус кво“, се вели во командата на индиската армија.

Во соопштението се наведува дека индиската армија го спречила обидот на Кина унилатерално да ја промени ситуацијата на теренот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два танкера погодени од проектили во близина на брегот на Саудиска Арабија

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира – САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025

Нов бран протести низ Франција поради зголемените трошоци за живот