Утрински Весник
Магазин

Ќерката на Круз и Кидман не споделува фотографии од себе, но овој пат направи исклучок

Ќерката на Круз и Кидман не споделува фотографии од себе, но овој пат направи исклучок

Ќерката на Том Круз и Никол Кидман многу ретко се појавува на својата Инстаграм страница, на која обично ја промовира својата уметност со објави на цртежи и сликовити пејсажи.

25-годишната Бела Кидман Круз не објавува фотографии од себе, но овој пат направи исклучок. Таа ја прекина традицијата со уметничко селфи пред огледало во својот дом во Кројдон, пишува британски „Мирор“.

Бела стои покрај нејзината колекција на растенија. „Сè што свети е злато … ох чекајте, тоа е само уште еден Инстаграм филтер“, саркастично напиша во описот на објавата.

Бела и брат ѝ Конор (25) се посвоени деца на холивудските мега sвезди Том и Никол, кои се разведоа во 2011 година.

За разлика од многу потомци на славните, Бела ги избегнува рефлекторите и не сака да биде во центарот на вниманието.

Сепак, Бела се најде на насловните страници во 2015 година со нејзината венчавка со Макс Паркер, која беше толку тајна, што дури и нејзините родители не беа поканети на забавата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста