Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со температура до 39 степени

Сончево и топло со температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе има и локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, а дневната температура постепено ќе опаѓа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал