Со претставата „Бог на масакарот“ во изведба на НУ „Турски театар“ од Скопје се спушта завесата на годинешното јубилејно 60. издание на Фестивалот „Охридско лето“.
Улогите ги толкуваат Сузан Акбелге, Џенап Самет, Филиз Ахмет и Селпин Керим. Сценографија е на Татјана Блажевска – Христовска, костимограф Марија Пупучевска а асистент на режисерот Џенап Самет. Претставата ќе се игра на сцената Долни Сарај со почеток од 21 часот.
НУ „Турски театар“ годинава одбележува јубилеј, 70- години од основањето на Установата.
За претставата „Бог на масакарот“ режисерката Билге Емин вели дека го презентира насилството во луѓето, дивјаштвото што демне во секој од нас…