Утрински Весник
Култура

Почина ѕвездата на „Црниот пантер“ на 43 години

Почина ѕвездата на „Црниот пантер“ на 43 години

Американскиот актер, Чедвик Босман, кој се прослави со улогата во „Црниот пантер“, почина од рак на 43-годишна возраст.Тој починал во својот дом, во присуство на неговото семејство.

Како што пренесуваат странските медиуми, глумецот починал по битката со рак на дебелото црево. Веста за неговата смрт беше објавена ноќеска на социјалните мрежи.

„Со неизмерна тага потврдуваме дека Чедвик Босман почина“, се наведува во соопштението.

https://www.youtube.com/watch?v=hmDbSIBZGxs

На Босман му бил дијагностициран рак пред четири години, но болеста на актерот не беше јавно објавена. Тој се проби во филмскиот свет играјки улоги од реалниот живот, како што се безбол легендата Џеки Робинсон и соул пејачот Џејмс Браун. Но, светска слава стекна со главната улога во „Црниот пантер“ од 2018 година. Во овој филм, Босман ја има улогата на владетел на Ваканда, фиктивна африканска нација која ја поседува најнапредната технологија на Планетата.

View this post on Instagram

A warrior of light til the very end. A true king. May he rise in power.

A post shared by Kerry Washington (@kerrywashington) on

„Црниот пантер“ стана првиот филм за суперхерој што добил номинација за најдобар филм на Оскарите.

Боузман, кој се појави во оваа улога во уште три филма на „Марвел“, никогаш јавно не објави дека има рак, кој му бил дијагностициран една година откако ја почнал врската со пејачката Тејлор Симон Ледвард. Тие се свршиле лани во октомври, а се венчале на приватна церемонија кога болеста на Боузман веќе била во напредна фаза.

View this post on Instagram

This year is to much ! My God ! But we have to trust God has his reasons ! If you think you’ve seen it all just keep on living ! Rest In Peace #chadwickboseman

A post shared by Jennifer Hudson (@iamjhud) on

„Вистински борец, Чедвик издржа низ сето тоа и ги сними сите тие филмови кои ги засакавте. Тој снимаше меѓу операциите и многубројните третмани со хемотерапија и најголемата чест во неговата кариера беше што го оживеа кралот Тчала во ‘Блек Пантер‘“, се вели во соопштението на семејството.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“