Утрински Весник
Политички Партии

Иницијативa за вонреден конгрес на ВМРО – ДПМНЕ: Мицкоски да не се крие и да го осуди насилството врз Дамчевска Илиевска

Иницијативa за вонреден конгрес на ВМРО – ДПМНЕ: Мицкоски да не се крие и да го осуди насилството врз Дамчевска Илиевска

Од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО – ДПМНЕ велат дека се згрозени од, како што наведуваат, примитивизмот со кој што беше направен обид да се заплаши поранешната пратеничка Весна Дамчевска Илиевска.

„Само луѓе со ниска политичка култура мислат дека ваквиот вандализам може да помине во 21 век , во земја која што треба да отпочне преговори за членство во ЕУ. Праќањето на поранешни затвореници, криминалци и насилници пред домот на една жена , не е и не може да биде замена за демократска дебата. Тоа е кукавички чин кој покажува дека другата страна е исплашена и нема ниту еден вистински аргумент зошто да не се свика вонреден конгрес“, се наведува во соопштението.

Молкот на пратеничките на ВМРО ДПМНЕ за насилството врз нивната поранешна колешка и молкот на Унијата на жени, се додава, се доказ дека инцидентот не е случаен.

„Иницијативата очекува Претседателот Христијан Мицкоски да престане да се крие и бара тој да го осуди инцидентот и насилниците што го нарушуваа редот пред домот на семејството на пратеничката. Иницијативата бара да бидат повлечени сите насоки за заплашување и вршење на притисоци врз членовите на одборот“, се вели во соопштението на  Иницијативниот одбор.

Од таму велат дека за ваквото насилство ќе ги информираат меѓународните претставници во Македонија и нема да дозволат нечиј примитивизам да ја надвладее демократската дебата.

„Нема да не заплашите, ниту пак ќе не поколебате. Одговорност за лошото управување мора да има , а вонредниот конгрес треба да избере ново раководство“, велат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО – ДПМНЕ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт