Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Ако ВМРО – ДПМНЕ се откаже од потпретседател на Собранието, и СДСМ ќе го направи тоа

(Видео) Заев: Ако ВМРО – ДПМНЕ се откаже од потпретседател на Собранието, и СДСМ ќе го направи тоа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го повтори ставот дека ако ВМРО-ДПМНЕ се откаже од свој кандидат за потпретседател на Собранието, тоа ќе го стори и СДСМ и дека Собранието ќе има тројца потпретседатели.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ се повлече од кандидат за потпретседател, тогаш и СДСМ ќе се повлече и ќе оставиме простор на помалите, за и бројката на потпретседатели да биде помала. Јас ја следев нивната изјава, тие рекоа не го прифаќаме предлогот на Заев, ама може ќе се повлечеме, ќе видиме, како ќе постапат, така ќе се однесуваме затоа што на крајот тука е и одговорноста“, кажа Заев.

Претходно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, изјави дека ВМРО – ДПМНЕ нема да предложи кандидат за потпретседател на Собранието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Запалени две возила во сопственост на адвокатот Асмир Алиспахиќ

Трансплантацијата спасува животи: Панел во Гостивар за унапредување на органодарителството

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин