Утрински Весник
Свет

Рускиот дипломат ја напушти Виена

Рускиот дипломат ја напушти Виена

Рускиот дипломат, кого австриската влада го прогласи за персона нон грата, ја напушти Виена, изјави неименуван дипломатски извор.

„Рускиот дипломат ја напушти територијата на Австрија“ навел изворот од Виена за ТАСС.

Австриското Министерство за надворешни работи соопшти во понеделникот дека владата на таа земја одлучила да го протера рускиот дипломат, кој, како што тврди, ја прекршил Виенската конвенција за дипломатски односи.

Дневникот „Кронен Цајтунг“ претходно пренесе дека е протераниот Русин со години се занимавал со шпионажа на хај-тек компании со помош на еден Австралијанец, кој им се предал на властите и го осудил рускиот дипломат.

Руското Министерство за надворешни работи најави дека таа земја ќе протера австриски дипломат, како одговор на одлуката на Виена да нареди на руски дипломат да ја напушти земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела