Утрински Весник
Македонија

Предвреме родениот Максим, по два ипол месеци, си замина од болница

Предвреме родениот Максим, по два ипол месеци, си замина од болница

Од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство информираат дека предвреме роденото бебе Максим, кое дојде на свет на 5 јуни во 25-та гестациска недела, денеска си замина дома од оваа установа. Максим се роди со родилна маса од само 820 грама, а од Клиниката за гинекологија замина со 2.400 грама. Неговата мајка, Роза Апостоловска од Скопје се породи со царски рез и Максим и нејзино прво дете.

Новороденчето помина 40 дена на Одделот за интензивна нега и терапија и беше на механичка вентилација. Од Клиниката замина во добра општа состојба и со пораст на телесната маса, по два и пол месечната грижа на педијатрите и целокупниот медицински персонал.

„ Благодарение на добрата организација и на постојаното доопремување со најсовремена апаратура за предвремено родени бебиња на Одделот за интензивна нега и терапија добивме уште една битка за живот. Го испративме Максим дома со радост и желби за среќно и безгрижно детство“ – истакнуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

За 500 евра „Македониум“ отстапен за спот на косовскиот рапер Дон Џони

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје