Утрински Весник
Свет

Британски муслимански совет: Насловите со „Алаху Акбар“ погрешно имплицираат напади мотивирани од исламот

Британски муслимански совет: Насловите со „Алаху Акбар“ погрешно имплицираат напади мотивирани од исламот

Центарот за мониторинг на медиумите на Муслиманскиот совет на Велика Британија (ЦфММ) тврди дека британските медиуми ставиле непропорционален фокус ​​на исламски терористички напади и дека насловите што го содржат џихадистичкиот воен повик „Алаху Акбар“ се заблудувачки, бидејќи зашто лажно го поврзуваат тероризмот со исламската вера, пренесува „Тајмс“.

Во извештајот насловен „Како британските медиуми известуваат за тероризам“ се тврди дека помеѓу 2015 и 2019 година веројатност зборовите или фразите што ги идентификуваат терористите како муслимани да се користат во медиумските извештаи е девет пати поголема од фразите што идентификуваат терористички нападите од екстремната десница или од белите супермацисти.

Во извештајот се тврди дека меѓу октомври и декември 2018 година, една четвртина од интернет-извештаите на британските медиуми за исламот или муслиманите биле за тероризам или за екстремизам.

Ризвана Хамид, директорот на ЦфММ и еден од авторите на извештајот, вели дека остануваат недоследности со непропорционален фокус на муслиманите. Таа тврди дека насловите во кои се користат религиозни термини како „Алаху Акбар“ подразбираат дека религијата е секогаш мотиватор, игнорирајќи ги другите фактори како што се криминалната историја и проблемите со менталното здравје, кои може да се во игра и кои често се спомнуваат кога сторителот не е муслиман .

„Иако сега се чини дека се признава важноста на конзистентноста и обемот на екстремно десничарската закана кај медиумите, претежно во весниците, сè уште има долг пат пред нас“, рече таа.

Арапската фраза честопати е погрешно преведена во западните медиуми како „Бог е голем“, сепак, поточен превод би бил „Алах е поголем“ или „Алах е поголем од твојот Бог или влада“.

Во извештајот се дадени неколку препораки за медиумите за тоа како да известуваат за тероризмот, вклучително и создавањето доследна и транспарентна дефиниција за тоа што претставува тероризам, избегнување на користење на терминот „Алаху Акбар“ како кратенка за терористички напад во наслови, и да не им се даваат платформи на екстремно десничарските или белите супремацистички гласови.

Една од причините за непропорционалниот фокус на исламскиот тероризам и екстремизмот може да е резултат на обемот на тероризам извршен од муслимански екстремисти во Велика Британија.

Во мај 2019 година, генералниот директор на МИ5, Ендрју Паркер напиша дека од повеќекратните терористички закани со кои се соочува Велика Британија, исламистичкиот тероризам останува најакутен. Паркер истакна дека во 2018 година, 80 отсто од случаите со кои се занимавал биле спроведени од луѓе инспирирани од идеологијата на Исламска држава, но кои никогаш не биле во контакт со неа во Сирија или Ирак.

Службата за безбедност на Велика Британија, исто така, во мај минатата година призна дека бројот на екстремни десничари осомничени за тероризам е апсолутно „замаглен“ од бројот на терористички случаи поврзани со исламот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта