Утрински Весник
Култура

Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО во Битола

Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО во Битола

Во Битола се одржува Вториот Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО: Создавање на градот на иднината. На денешната програма од 11 часот во „Бела куќа“ – Битола е предвидено вклучување на високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Тераса (Шпанија), Бусан (Јужна Кореја), Лоѓ (Полска), Рим (Италија), Сараево (БиХ), и други градови-членки на кластерот филмски градови на УНЕСКО, како и претставници од домашните релевантни институции, невладиниот и бизнис секторот кои работат во креативните индустрии и филм. Форумот го организира Здружението за филмска уметност ЦЕНТАР ЗА ФИЛМ Битола во насока на зголемување на соработката помеѓу градовите во областа на иновациите и едукацијата. Ова е прв форум од ваков вид кај нас и во регионот.

Форумот кој требаше едно место да собере повеќе од 20 учесници од странство во овие услови на глобална криза и борба со опасниот и непредвидлив непријател мораше да се изнајдат нови, алтернативни начини за одржување на предвидените активност. Годинава нема гости од странство, но ќе присуствуваат виртуелно. Обраќањата и дискусиите ќе се одвиваат на два начини, во живо со присуство на домашни гости и преку интернет со снимање со камери и стриминг во живо. Сите настани се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани.

Форумот почна вчера со бесплатна проекција на бугарскиот филм „Слава“ на дуото Грозева-Валчанов. Форумот е од исклучителна важност за градот Битола како рамноправен член на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО од 2015 и еден од 18-те градови кои се дел од овој филмски кластер на УНЕСКО, единствен од Македонија и еден од ретките од регионот. Мрежата е клучен партнер на УНЕСКО. Forumot има за цел да придонесе за ефективен развој и промоција на филмската индустрија преку спроведување на целосна проценка, подобрување на националните капацитети и организирање на промотивни настани во оваа област. Меѓу целите на Форумот е да делува како единствена платформа која членовите можат да ги искористат за да ги унапредат своите партнерства и да донесат за нови идеи и соработка.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес на Министерството за култура.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“