Утрински Весник
Магазин

Студентка на предавање дознала дека добила 4,8 милиони долари на лото

Студентка на предавање дознала дека добила 4,8 милиони долари на лото
Dik 300x250 mk

Дваесетгодишна студентка од Универзитетот во Гленелг во Австралија освои дури 4,8 милиони долари на лотаријата.

Според медиумите, студентката за време на предавањата ја проверувала својата електронска пошта и така дознала за големата добивка. Премијата значи дека оваа девојка во наредните 20 години секој месец ќе добива по 20.000 долари.

„Не размислував за пораката, само кратко влегов и тогаш сфатив дека сум добитничка. Бев шокирана и не можев да реагирам, бидејќи бев на предавање. Тешко ми беше да се контролирам, затоа што сакав да врескам и да скокам од радост. Гледав во часовникот и чекав да заврши предавањето. Тоа беше највозбудливиот момент во мојот живот“, вели студентката кој посакала да остане анонимна, а пренесува „News.co.au“.

Како што рекла, дел од добивката ќе искористи за да купи куќа и автомобил за својата мајка, но исто така има намера обезбеди имот и за себе.

„Не можете да поверувате каква е оваа година за мене, ова е голема работа за моето семејство. Ова менува сè за нас“, вели среќната добитничка.

„Ќе ги завршам студиите на универзитетот, затоа што тоа е нешто што навистина сакам да го направам. Кога ќе се укинат рестриктивните мерки, би сакала да патувам. Сакам да патувам низ Австралија, но и да посетам некои странски земји“, додава 20-годишната студентка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Жестока дискусија: Свети Лука или Ноќ на вештерките: 31 октомври е датумот што ги спојува двата празника – еве што вели црквата

Совети за непотребно претераната грижа за децата наесен

Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија