Утрински Весник
Свет

(Видео) Четиригодишно дете пронајдено живо по еден ден откако во Индија се урна зграда

(Видео) Четиригодишно дете пронајдено живо по еден ден откако во Индија се урна зграда

Спасувачите денеска извлекоа четиригодишник од урнатините на станбената зграда која се сруши вчера во западна Индија, при што загинаа 13, а сè уште се трага по 60 лица.

Толпата луѓе што ја следеше операцијата за спасување во Махад даде аплауз кога момчето беше извлечено на површината и на носилка однесено во возилото за прва помош.

Во вечерните часови, тринаесет тела беа пронајдени во урнатините на зградата со 47 станови, изјави за новинарите Сахидананд Гавде, портпарол на Националните сили за управување со катастрофи.

Десетици луѓе сè уште се под рушевините, но никој не знае колку точно има, изјави на АФП полицискиот началник во Махад, град на 120 километри јужно од Мумбај.

Властите првично стравуваа дека околу 200 луѓе се наоѓаат под урнатините, но подоцна го намалија бројот затоа што многу жители не биле дома во моментот на несреќата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела