Утрински Весник
Свет

Италијанка по трет пат заболела од коронавирус

Италијанка по трет пат заболела од коронавирус

Една Италијанка од Ломбардија открила дека за време на годишниот одмор на островот Сардинија по трет пат се заразила со вирусот „Ковид-19“.

Италијанката, која била на годишен одмор во градот Тертенија на Сардинија, отишла во болница поради други здравствени причини и открила дека е повторно позитивна на Ковид-19.

Таа претходно била во болница во два наврати поради Ковид-19, по што, според порталот Олбија.ит, била излечена, односно имала негативни резултати од тестот за коронавирус, а сега е хоспитализирана во градот Ланузеи.

Според најавите на локалните власти, пациентката ќе биде повторно тестирана, а според антиковид-протоколот, нејзините контакти ќе бидат следени со цел да се утврди дали се заразени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење