Утрински Весник
Спорт

Ван Гал: Сакав да ги донесам во Јунајтед Нејмар, Левандовски, Рамос…

Ван Гал: Сакав да ги донесам во Јунајтед Нејмар, Левандовски, Рамос…
Img 5587

Поранешниот холандски тренер Луј ван Гал открил дека од сопствениците на Манчестер Јунајтед, кога тој бил тренер на клубот, побарал да му ги донесат Нејмар, Серхио Рамос, Роберт Левандовски, Нголо Канте…

Ван Гал во 2014 година беше назначен за тренер на Манчестер Јунајтед, а од клубот замине пред да заврши сезоната 2015/2016.

Ss1

„Сакав да го донесам Роберт Левандовски. Кога стана јасно дека тоа е тешка мисија, барав да ми го донесат Гонзало Игуаин“, открил Ван Гал.

„Пред да бидам назначен за тренер, во Брисел разговарав со соптвениците и спортскиот директор Ед Вудворд. Јунајтед мора да носи големи имиња. Побарав да го донесат Нејмар, сакав да имам брзи крила. Ги сакав во тимот и Садио Мане и Ријад Марез, на крајот тие завршија во Ливерпул и Манчестер сити. На листата ми беа Томас Милер и Нголо Канте. Јунајтед имаше слаба одбрана ги барав Серхио Рамос и Матс Хумелс. Дури се обидов да го донесам и Џејмс Милнер, поливалентен играч и вистински лидер на теренот“, изјавил Ван Гал и дополнил.

„Јунајтдед не можеше да обезбеди ниту еден потпис. Не знам зошто, бидејќи како тренер не бев вклучен во ниту едни преговори. На крајот ќе ја добиев третата, четвртата или петтата опција од листата“.

Луј ван Гал официјално се пензионираше минаата година, иако од разделбата со Манчестер Јунајтед во мај 2016 година не тренираше ниту еден клуб.

> Ван Гал: Сакав да ги донесам во Јунајтед Нејмар, Левандовски, Рамос… <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами