Утрински Весник
Свет

СЗО: Пандемијата во светот забавува, освен во југоисточна Азија и источен Медитеран

Тешка и мачна борба со вирусот: луѓе кои оздравеле по неколку месеци повторно се заразиле со Ковид-19
Dik 300x250 mk

Пандемијата на коронавирус и натаму се шири, но растот на бројот на новозаразени и починати во светот забавува, со исклучок на југоисточна Азија и источен Медитеран, објави Светската здравствена организација.

Во својот последен извештај за епидемиолошката стиуација, објавен синоќа, СЗО истакнува дека двете Америки и натаму се најтешко погодени и половина од новите случаи и 62 отсто од 39 илјади починати во последната недела се од овие земји.

Во светот заразени се повеќе од 23,65 милиони луѓе, а 811 илјади се починати, стои во податоците на Ројтерс.

Југоисточна Азија, вториот најпогоден регион, забележа 28% зголемување во нови случаи и 15 проценти повеќе смртни случаи. Повеќето од нив се во Индија, но вирусот брзо се шири и во Непал.
Во источниот Медитеран бројот на заболени се зголеми за 4 проценти, но бројот на загинати опадна во последните шест недели, соопшти СЗО. Најбрз раст во однос на минатата недела бележат Либан, Јордан и Тунис, споредено со минатата недела.

Бројот на нови инфекции и смртни случаи во Африка опадна за 8 и 11 проценти, „пред се поради опаѓањето на случаи во Алжир, Кенија, Гана, Сенегал и Јужна Африка.

„ Во Европа, бројот на случаи се зголемува во изминатите три недели“, се вели во извештајот на СЗО, „но мал пад од 1 процент е забележан во минатата недела, а бројот на смртни случаи паѓа низ целиот регион“.

Во регионот на Западен Пацифик, бројот на случаи опадна за 5 проценти, пред се поради забавување на експанзијата во Јапонија, Австралија, Сингапур, Кина и Виетнам.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени