Утрински Весник
Свет

Турско воено возило експлодира во патрола во Идлиб, нема повредени

Турско воено возило експлодира во патрола во Идлиб, нема повредени

Едно турско воено возило е оштетено во експлозија што се случи во текот на заедничка патрола на турската и руската војска на автопатот М4 во Идлиб, Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува „Анадолија“.

„Во текот на 26. заедничка патрола на Турција и Русија во Идлиб, која што се одвива во рамките на договорот за примирје во Идлиб постигнат на 5 март, се случи експлозија во која едно возило од конвојот е оштетено. Во регионот е почната операција“, соопштува министерството.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин, на 5 март постигнаа договор за прекин на огнот во зоната на деескалација во Идлиб, јужно од турската граница. Двете страни оттогаш изведуваат заеднички патроли по клучниот автопат М4.

Сирија е зафатена од граѓанска војна уште од 2011 година кога режимот на Башар ал Асад ги потисна демонстрантите користејќи непропорционална сила.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница

Голем руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Се отстранува срушениот мост во Балтимор, пристигна кран кој може да подигне 1.000 тони