Утрински Весник
Култура

Документарниот филм „Професорот” вечерва премиерно на „Македокс“

Документарниот филм „Професорот” вечерва премиерно на „Македокс“

Долгометражниот докуемнтарен филм „Професорот” на Јордан Дуков вечерва ќе ја има својата фестивалска премиера на „Македокс“, во 21:30, во паркот на МКЦ.

Звуците на хавајската гитара на Илија Џаџев вечерва ќе се слеат во тишината на Македокс 2020. „Професорот” e 75 минутна приказна за универзалниот уметнички и хуманистички подвиг на еден локален херој. Приказна за човек – феномен. Истражување на несекојдневниот животен пат на Илија Џаџев, музичар, виртуоз на хавајска гитара, писател, професор по географија. Го нарекуваат последниот македонски трубадур кој отсвирел над 6000 бесплатни концерти ширум светот не правејки разлика дали свири пред претседатели, просјаци, рудари, деца во градинка, работници по фабрики, рудари, заменувајки ги концертните сали со родилишта, гробишта, рударски окна, болници, затвори, како и плоштади на големите светски метрополи.

После „Планински кавијар” во 2017 година, ова е втор документарен филм на Јордан Дуков кој учествува на „Македокс“.

„Професорот” e во продукција на Кадар и Машина продукција, во копродукција со МТВ. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ и помогнат од Општина Гевгелија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“