Утрински Весник
Култура

Пендаровски: Како општество треба уште многу да направиме за унапредување на родовата еднаквост

Пендаровски: Како општество треба уште многу да направиме за унапредување на родовата еднаквост

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати на затворањето на осмото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“.

Тој порача дека родовата еднаквост е важна заложба во неговиот мандат и дека со неговот делување сака да даде придонес во унапредување на родовите политики во земјата.

„ Моето присуство на овој настан сакам да биде разбрано како поддршка на посветеноста на организаторките и сите културни работнички и работници, уметници, активистки и теоретичарки кои со години даваат придонес во развојот на нашата независна културна сцена и ја промовираат женската културна и уметничка креација.

Овие месеци, рече Пендаровски, сме соочени со огромниот предизвик, да се справуваме со најголемата здравствена криза во овој век, која сериозно се одрази во сите општествени сфери и ги промени нашите животи.

„ Пандемијата придонесе за продлабочување на постојните нееднаквости во различни области и на различни нивоа и ни покажа колку е важно да се работи на градењето на подобар свет, на заедници во кои еднаквоста, грижата, почитта, солидарноста ќе бидат наши носечки принципи, инаку, принципи кои се и во основата на феминизмот и движењата за родова и социјална правда.

Неспорно е дека како општество треба уште многу да направиме за унапредување на родовата еднаквост во културната сфера, се разбира, и во останатите сегменти. Но, убеден сум дека токму ваквите културни настани, помагаат за реобмислување на постојните концепти, за продукција на нови идеи, визии и простори за делување. Секоја таква активност не води кон позитивни промени, кон подобро општество, кон унапредување на родовата еднаквост и збогатување на културната продукција во земјата и регионот“ истакна Пендаровски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“