Монодрамата „Дневникот на лудиот“ по текст на Николај Гогољ, во режија на Ѓорѓи Ризески а во изведба на Бобан Алексоски, под продукција на независниот Театар „Златен Елец“ продолжува со изведбите на претставата во време на корона, овојпат на Saint Muse 15 International Theater Festival (online edition) во Улан Батор, Монголија кој ќе биде онлајн и е специјална изведба(снимка) за фестивалот која веќе утре (24.08) ќе се прикаже на нивниот официјален сајт, претставата е номинирана во категориите за најдобра режија и најдобар актер. Следен настап е исто на Интернационален театарски фестивал Актерот на Европа во Ресен во сабота (29.08) на отворено пред Хотел Крани на Преспанското езеро. На 19ти септември претставата ќе гостува на ДАФ во Кочани во придужната програма.
Според новите протоколи за изведби во затворен простор што во секој момент се очекуваат ќе биде закажана премиерата на продолжението на монодрамата „Дневникот на лудиот 2: ЧОВЕКОЈАДСТВО“, овојпат по текст на Лу Син. Истиот лик но овојпат со градација на претходната болест. Претставата се работеше летово и ќе биде изведена во Социјален Центар Дуња, кој станува матична локација на темата ДНЕВНИКОТ НА ЛУДИОТ за двете претстави.
Првиот дел на монодрамата до сега има освоено три награди: Две за најдобар актер на фестивалот BATTIF 2017 во Тирана, Албанија и ИТФ Лица без Маски во Скопје 2019 година, и за најдобра режија на BATTIF.
Театар „Златен Елец“ се отвори официјално на Скопско лето летово со претставите „НЕ МИ ГО ЧЕПКАЈ ПИВОТО!“ и „Дневникот на лудиот 1“.