Утрински Весник
Свет

Шпанците ги затвораат борделите поради епидемијата

Шпанците ги затвораат борделите поради епидемијата

Шпанските власти во областа Кастиља ла Манча наредија затворање на сите бордели поради епидемијата на коронавирус. Проституцијата во Шпанија често е надвор од законот во баровите или хотелите коишто работат, додека властите ги затворија пабовите и ноќни клубови за да го спречат бројот на заразени.

На подрачјето на Кастиља ла Манча, каде се наоѓаат повеќето бордели во Шпанија, им било наредено да бидат затворени до недела.Оваа одлука е донесена затоа што десетина заразени со коронавирус се откриени меѓу седум жени и петмина мажи во само еден бордел. Бидејќи нема официјален регистар на клиенти, властите не биле во можност да контактираат со други луѓе кои можеби биле изложени на инфекцијата.

Шпанската министерка за рамноправност, Ирена Монтеро во четвртокот побара веднаш да се затворат борделите. Во писмото до шефовите на 17-те регионални влади на Шпанија, министерката порачала дека „потенцијалното зголемување на бројот на позитивни на коронавирус ќе биде тешко да се следи“ кога потекнува од борделите и дека би можело да го загрози здравјето и правата на жените кои работат во нив.

Таа смета дека регионите треба да обезбедат сместување и социјална заштита на жените погодени од затворањето на борделите.

Водечкиот шпански експерт за пандемија Фернандо Симон предупреди оваа недела дека „работите не се одвиваат добро“ затоа што инфекцијата се шири и кај младите, главно заради ноќниот живот.

За два месеци откако ги олесни претходно строгите санитарни мерки и ограничувањата на движењето, Шпанија забележа скоро 132,000 новозаразени.

Шпанија брои скоро 29.000 смртни случаи поврзани со коронавирус годинава, но експертите велат дека извештаите за смртни случаи во сите земји се намалени во споредба со вистинскиот број за време на пандемијата поради ограничено тестирање и други фактори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крадец од Холандија провалил во куќа, па си зготвил колбаси, полицијата го фатила на дело

Рекорден топлотен бран на Антарктикот, температурите значително повисоки од просечните

Турција го блокира „Инстаграм” – 24info.mk