Утрински Весник
Спорт

Ајакс поставија статуа од Кројф пред својот стадион, ја платија фановите

Ајакс поставија статуа од Кројф пред својот стадион, ја платија фановите

Пред „Јохан Кројф арената“, прекрасниот фудбалски стадион на Ајакс денеска беше презентирана новата статуа на човекот по кој е именуван стадионот, легендарниот Јохан Кројф, и чија фудбалска филозофија до денеска го води клубот од Амстердам.

Во совршена фудбалска приказна, парите за статуата се собрани од навивачите на клубот.

Кројф ја почна кариерата во Ајакс, клуб со кој освои осум холандски титули и три европски круни, пред во 1973 година да направи трансфер во Барселона со рекорден трансфер, помагајќи клубот да ја освои титулата од Ла лига во првата сезона. По пензионирањето во 1984, тој својата фудбалска филозофија ја покажа како влијателен тренер на Ајакс и Барселона. Кројф почина во 2016 година на само 68 години од рак на белите дробови.

Јохан Кројф и финалето од 1992 – моментот кој го смени модерниот фудбал (.)

> Ајакс поставија статуа од Кројф пред својот стадион, ја платија фановите <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија