Утрински Весник
Свет

Мултикултурниот Брисел има 3-4 пати повеќе случаи на туберкулоза од остатокот на Белгија

Мултикултурниот Брисел има 3-4 пати повеќе случаи на туберкулоза од остатокот на Белгија

Според податоците на министрите од Брисел, Алан Марон и Елке ван ден Брант, белгискиот главен град има три до четири пати повеќе нови случаи на туберкулоза од остатокот на земјата, при што особено погодени се барателите на азил, пренесува РТБФ.

Просечната стапка на заболување во Белгија е 8,6 на 100,000 луѓе, но во Брисел стапката е 29,5 случаи на 100. 000лица, при што градот претставува 36 отсто од сите нови случаи на туберкулоза во земјата. Бројките постојано се зголемуваат од 2014 година.

Податоците дојдоа по барање на пратеничката Бјанка Дебет, член на Христијанско демократската и фламанската партија (ЦД-В), која изјави:

„Секако, урбаниот контекст секогаш го зголемува ризикот од одредени заболувања, но фактот дека една третина од случаите пријавени во Белгија се концентрирани во Брисел е значајна“.

Дебет ја посочи високата застапеност на болеста кај барателите на азил кои живеат во главниот град, велејќи: „Меѓу јули 2017 и мај 2019 година, 45 случаи на туберкулоза биле дијагностицирани кај бегалците во паркот Максимилијан“.

Здравствените професионалци во Европа со години забележуваат дека туберлколозата е вистински проблем кај мигрантското население кое доаѓа во различни земји низ целиот континент.

Во 2015 година, д-р Масуд Дара од СЗО изјави дека до 80 отсто од случаите на туберколоза во европските земји биле меѓу мигрантите.

„Мигрантското население, особено ако доаѓа од субсахарските африкански земји каде стапките на инфекција со туберколоза се прилично високи – во некои држави е дури 1.000 на 100.000 жители – веројатно е носител на оваа болест“, рече тој.

Бидејќи бројот на мигрантите повторно започнува да расте, многумина се плашат дека кај нив не само што ќе има високи стапки на болести како туберкулоза или шуга, туку и ќе бидат носители на коронавирус. Италија забележа десетици нови мигранти позитивни на Ковид-19, што доведува до стравувања од втор бран на епидемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По израелски напад во Појасот Газа загинаа двајца новинари на Ал Џезира

Шефот на СЗО потврди дека е откриен полиовирус во Газа, повика на превенција

Венеција од утре го ограничува бројот на луѓе во туристичките групи на максимум 25