Утрински Весник
Свет

Турција уапси шестмина Ирачани за врски со ИСИС

Турција уапси шестмина Ирачани за врски со ИСИС

Најмалку шестмина осомничени со ирачко потекло се уапсени во Црноморскиот Регион во Турција за врски со терористичката група Даеш/ИСИС, пренесува „Анадолија“.

Осомничените биле приведени во истовремени операции од страна на антитерористички и разузнавачки тимови во северната провинција Самсун, рече изворот на агенцијата, кој побара да не биде именуван поради ограничувања во комуникацијата со медиумите.

Екипите извршиле рација на повеќе локации во окрузите Илкадим и Теќекој во покраината. Во акцијата биле запленети и дигитални материјали.

Турција беше една од првите земји што го означија Даеш/ИСИС како терористичка група во 2013 година. Земјата оттогаш повеќе пати беше цел на терористичката група со најмалку 10 самоубиствени напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади кои однесоа најмалку 315 животи и беа повредени стотици други.

Како одговор на тоа, Турција започна воени и полициски операции дома и во странство за да спречи понатамошни терористички напади.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад