Утрински Весник
Култура

13 средношколци се македонската онлајн-делегација на јубилејниот 50. Филмски фестивал „Џифони“

13 средношколци се македонската онлајн-делегација на јубилејниот 50. Филмски фестивал „Џифони“

13 средношколци од Македонија од вчера преку видеостриминг и конференциска врска го следат 50. издание на најголемиот филмски фестивал за деца во светот „Џифони“.

Овaa година, нашите претставници учествуваат од Скопје, од просториите на „Џифони Македонија“, преку директна видеоврска со киносалите во Џифони, Италија. „Џифони Македонија“ се погрижи нашите претставници програмата да ја следат во безбедни услови, со доследно почитување на сите мерки за заштита од Ковид-19.

Програмата со меѓународно учество ќе се одвива во две фази: првата, од 18 до 22 август и е наменета за учесниците од возрасните групи 16+ и 18+, додека пак втората фаза, наменета за групата 13+, ќе се одвива од 25 до 29 август.

Фестивалот започна со намален број на учесници во живо и зголемен број филмофили онлајн и наместо првобитно планираните 7500 деца од целиот свет, пред филмското платно во киносалите во Џифони оваа година ќе седнат само 610 учесници, поради корона-ситуацијата.

Ним ќе се придружуваат уште 2000 други учесници на меѓународното жири од 32 града во Италија и уште 14 европски земји, а меѓу нив и 13 средношколци од Македонија кои фестивалот го следат онлајн преку видео стриминг и конференциска врска. На овој начин, и покрај здравствената криза што го погоди светот, Џифони успеа да го одржи на високо ниво меѓународниот карактер на овој светски познат фестивал.

Фестивалот започна со канадскиот филм „Black Conflux“ во категоријата 16+, додека пак групата 18+ го изгледа бразилскиот филм „Pacified“. На програмата секојдневно има по два филма, како и други филмски проекции и средби со меѓународни ѕвезди од светот на филмот, меѓу кои Ричард Гир, Силвестер Сталоне, Кетрин Лангфорд, Глен Кин, Дејзи Ридли, Брајан Кренстон и други.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“