Утрински Весник
Свет
Img 7972

Норвешка протера руски дипломат осомничен за шпионажа

Норвешка протера руски дипломат осомничен за шпионажа
Img 7972

Од рускиот дипломат било побарано да ја напушти Норвашка откако откако пред неколку дена во Осло беше уапсен Норвежанец осомничен за шпионажа во корист на Русија.

Окружниот суд во Осло на норвешкиот државјанин со потекло од Индија, му одреди притвор од четири недели.

Норвешката разузнавачка служба (ПСТ) пред два дена уапси Норвежанец осомничен дека предал чувствителни информации на лице идентификувано како агент на руските разузнавачки служби.

„ Го известивме рускиот амбасадор дека вработен во руската амбасада како дипломат веќе не е пожелен и дека тој мора да ја напушти Норвешка“, рече портпаролот на норвешкото Министерство за надворешни работи.
„Дипломатот е вклучен во активности што не се компатибилни со неговата улога и дипломатскиот статус и ние бараме од него да ја напушти Норвешка оваа недела“, додаде портпаролот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уругвај стана првата латиноамериканска земја што усвои закон за евтаназија

Лекорну го преживеа и второто гласање за недоверба

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија