Утрински Весник
Свет

Турција почна нова фаза од антитерористичката операција на истокот на земјата

Турција почна нова фаза од антитерористичката операција на истокот на земјата

Турција почна нова фаза од антитерористичката операција во источната област Бинѓол, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи, пренесува „Анадолија“.

Во соопштението, Министерството истакнува дека операцијата „Јилдирим-6“ има за цел целосно елиминирање на сепаратистичката терористичка организација (ПКК) и за неутрализирање на оние што се кријат во овој регион.

Во операцијата учествуваат 700 припадници на безбедносните сили, вклучително и сили од единиците на жандармеријата за специјални операции и полицијата.

Претходно, на 12 август, беше почната операцијата „Јилдирим-5“ за неутрализирање на припадниците на ПКК во регионот.

Од Министерството соопштија дека во досегашните фази на операцијата „Јилдирим“ неутрализирани се најмалку 22 терористи, уништени се 31 пештера, засолништа и складишта, а запленето е и големо количество оружје и муниција.

Турското МВР нагласи дека акцијата, со поддршка на јавноста, продолжува без запирање.  Во својата повеќе од 30 години долга кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на скоро 40.000 луѓе, меѓу кои жени и деца.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Крадец од Холандија провалил во куќа, па си зготвил колбаси, полицијата го фатила на дело

Рекорден топлотен бран на Антарктикот, температурите значително повисоки од просечните

Турција го блокира „Инстаграм” – 24info.mk