Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Гром погоди тренер додека вежбал со 20 деца на стадион во Србија

Гром погоди тренер додека вежбал со 20 деца на стадион во Србија
Img 7972

Тренер на подмладокот на ФК Јагодина С.П. (31) е повреден околу 18.40 часот од удар на гром на помошен терен на градскиот стадион во тој град во Србија.

Во моментот на удар на гром, во тек бил тренинг на младите играчи и дваесет деца во две групи биле на терен, објави порталот centralmedia.rs од Јагодина.

Според порталот, нема повредени меѓу децата.

„По громот, започна хистеријата, децата избегаа кај нивните родители, а двајца здравствени работници му пружаа прва помош на тренерот, кој лежеше неподвижен на теренот. Мислам дека успеаја да го вратат тренерот од бессознание, а потоа дојде и брзата помош“, изјавиле родителите на децата за порталот.

По укажаната прва помош, тешко повредениот тренер е пренесен во Општата болница во Јагодина, а според шефот на Службата за итни случаи на Општата болница, Владимир Недељковиќ, лекарите се борат за неговиот живот.

„Пациентот е на апарат за дишење, правиме сè што можеме“, рече Недељковиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со средна јачина ја стресе Турција

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк