Утрински Весник
Македонија

Заев и Ахмети се договорија последните 100 дена од мандатот премиер да биде Албанец

Заев и Ахмети се договорија последните 100 дена од мандатот премиер да биде Албанец

Наместо премиер-Албанец, лидерите на СДСМ и ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети се договориле на последните 100 дена од мандатот на новата Влада, да биде поставен премиер на предлог на ДУИ.

Заев изјави дека „ДУИ покажала големина и доблест“, па оттаму и тој покажал доблест и самиот, без консултации во СДСМ, предложил премиер на предлог на ДУИ да ги води последните 100 дена од редовниот мандат.

„ДУИ покажа големина и доблест заради иднината на сите граѓани, заради иднината на државата и успешните политики. При таа доблест е утврдено јас да ја добијам честа да бидам претседател на Владата во полн четиргодишен мандат. Дел од договорот е укинување на техничка влада, технички министри и технички премиер, нешто за што и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка. Заради оваа големина и доблест од ДУИ, без било какви претходни консултации и разговори во коалицијата и во мојата партија, покажав доблест. Оттаму, на предлог на ДУИ ќе биде поставен премиерот кој ќе ги води последните 100 дена од редовниот мандат“, рече Заев.

Тој рече дека денес кога ќе се врати во партијата ќе го елаборира овој предлог, кој значи „градење партнерство“.

„Досега сме имале Албанец министер за одбрана, за внатрешни работи, претседател на Собрание и државата била напредна и стабилна“, рече Заев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина